![133594609](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133594609.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Српските власти соопштија дека ги пронашле телата на трите лица кои се сметаа за исчезнати при експлозиите во фабриката за оружје во Крагуевац.
Министерството за одбрана соопшти дека вкупно четири лица загинаa во двете експлозии, што се случи во вторникот во магацин за муниција. Во инцидентот 25 лица се повредени.
Се’ уште се испитуваат причините за експлозијата во фабриката каде и се складираат мини и друго оружје, а и се уништува оружје.
Во Крагуевац денеска е Ден на жалост, а градоначалникот Радомир Николиќ, во име на граѓаните, изрази благодарност до припадниците на Војската на Србија, Министерството за внатрешни работи и вработените во Клиничкиот центар, истакнувајќи дека направиле се за да спречат трагедија од поголеми размери, евакуирајќи ги работниците и згрижувајќи ги повредените.