Бројот на загинати во масакрот во двете џамии на Нов Зеланд достигна 50 верници , откако уште еден им подлегна на повредите.
Полицискиот комесар на Нов Заланд, Мајк Буш , соопшти дека загинала 50. жартва на нападот на џамиите во Крајстчрч. Во болницата и натаму се наоѓаат 36 повредени во нападот на Австралијанецот Брентон Тарант среде петочната молитва во џамиите.
Буш изјави и дека двете лица , кои се уапсени под сомнение дека се поврзани со нападот на џамиите , не се поврзани со напаѓачот Тарант.