Се зголемува бројот на тенкови на истокот во Украина

Концентрација на тенкови и друго различно оружје е забележано на приодите на Славјанск. Неколку оклопни возила се видени во околината на Краматорск, а во една воена колона стручњаците забележале ракетни системи „Град“.

Информациите за концентрирање на војска на истокот од Украина се појавија послдиве неколку денови.

Вршител на должноста – министер за одрана на Украина, Михаил Коваљ, во понеделникот кажал дека вооружените сили на Украина се подготвени за специјална операција на истокот во земјата, наведува Глас на Русија.

Рускиот министер за внатрешни работи, Сергеј Лавров, при посетата на Пекинг изјавил дека Русија бара од Киев да пресатне да праќа таканаречени безбедносни сили на истокот од Украина, бидејќи тоа е во спротивно со одредбите на меѓународното право.
Лавров, исто така истакнал дека употребата на сила во југоисточна Украина е неприфатлива и дека на земјата и се потребни уставни реформи.

„Уверени сме дека употребата на сила за решавање на проблемот во југоисточна Украина е неприфатлива, како и дека уставните реформи мораат да претставуваат основа за решавање на кризата“, кажал рускиот шеф на дипломатијата по состанокот со кинескиот колега во Пекинг.