Се зголемува обемот на меѓуградски и меѓународен превоз, опаѓа градскиот и приградскиот

Вкупно 9 433 илјади патници биле превезени во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2024 година, што е за 6.9 % помалку во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници е намален во градскиот превоз за 7.4 %, во приградскиот за 10.4 %, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 13.2 %, а во меѓународниот превоз за 2.7 %.

Во третото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 8.9 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 17.3 %, во приградскиот превоз е намален за 1.3 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.4 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 10.8 %.