Себастијан Курц остана без пратенички имунитет

Донеодамнешниот австриски канцелар Себастијан Курц го загуби во четвртокот прателничкиот имунитет окткао пратениците едногласно донесоа таква одлука за да овозможат продолжување на истрагата поради наводна корупција.

За укинување на имунитетот на шефот на претеничката група на Австриската народна партија (OVP) гласаше и неговата партија која смета дека е неопходно што поскоро да се разјасната обвиненијата против Курц. Тој, по поднесувањето на оставката на канцеларската должност, беше застичен со имунитет откако остана во парламентот.

Против него се води истрага поради наводно проневерување пари, а обвинет е и за давање лажни изјави пред парламетарната комисија, во врска со ткн „аферата Ибица“. Станува збор за наводно тргување со влиајние со маркетиншка фирма и медиуми во врска со поддршка на рејтингот на партијата.

Курц ги негира сите обвинувања на негова сметак, по претресите изведени на 6-ти октомви во неговиот кацеларски кабинет, седиштето на партијата и во министерството за финансии. И покрај оставката од канцеларската должност, според законот Курц остана да биде пратеник и продолжи партијата и претеничката група.