Отсега сите клиенти и соработници на компанијата ќе можат да добијат комплетна услуга на „Пиринска“ бр.23, Скопје, а сите телефонски броеви и дигитални канали за комуникација остануваат непроменети и достапни 24/7.
„Нашиот тим брои повеќе од 200 вработени, од кои речиси 80 работат во седиштето на компанијата. Како растат потребите на нашите клиенти и како се зголемува нивниот број, така расте и нашиот тим, заради што се селиме на новата локација каде добиваме нов, свеж и поголем простор за работа. Во новите простории имаме одлични услови да продолжиме со квалитетна услуга за нашите клиенти, да продолжиме со иновациите кои се наша движечка сила и со воведување новитети кои го обликуваат осигурителниот пазар во земјата“ – изјави г-ѓа Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Од формирањето во 2002 година до денес, Еуролинк осигурување има опслужено речиси 600.000 клиенти, ја држи втората пазарна позиција со 11,57% пазарен удел и е пазарен лидер во повеќе класи на осигурување. По преземањето од ГРАВЕ во март 2020 година, компанијата продолжи да работи како посебен правен ентитет во рамки на групацијата под брендот и логото на Еуролинк осигурување, кое неодамна беше дополнето со назнака за членка на групацијата ГРАВЕ. Новата зграда во која се сместува седиштето на Еуролинк осигурување е во сопственост на групацијата ГРАВЕ од Австрија.
Повеќе информации за промената на седиштетот на Еуролинк осигурување може да најдете на веб страницата или преку Контакт центарот на 02/15888 достапен 24/7.