Седиштата за деца за автомобил често не одговараат на возилото што го поседувате, поради што може да биде намалена безбедноста и ефективноста.
Според најновото истражување, во околу 42 отсто од случаите седиштата за деца не се компатибилни со големината и обликот на седиштата во автомобилот. Исто така, родителите и старателите што вемтнуваат најразлични додатоци за да го наместат седиштето, може дополнително да ги влошат безбедносните услови.
Мора да нагласам дека седиштата за деца се безбедни и ги поминале сирте тестови. Но, за оптимална безбедност на децата и за да се обесбеди најдобра заштита, мора да бидете сигурни дека седиштето одговара на вашето возило. Сакаме да ги охрабриме родителите да зермат мерки од нивното возило со цел да направат добар избор кога купуваат седиште за деца, вели предводникот на истражувањето Џули Бинг, инженер во Државниот колеџ во Охајо.
Истражувањето е спроведено врз димензиите на 61 возило, како и на 59 седишта за деца и била направена споредба колку од нив се компатибилни.
По анализата на 3.600 можни ситуации и комбинации и при проучување на 34 вистински инсталации, истражувањето потврдило дека помалку од 60 отсто од задните седишта за деца, резултирале со правилно поставување, каде аголот на седиштето во автомобилот е во согласност со препораките од произведувачите на седишта.
Истражувањето беше објавено во текот на месецов во магазинот „Заштита од повреди во сообраќајот“.