ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски, информираат утрово од клубот од „Дебар Маало“.
-Клубот им се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и им посакува сѐ најдобро во понатамошните кариери, објави Работнички.
За нов шеф на стручниот штаб е именуван Горан Станиќ. Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Тренер на голманите останува Матеј Миленков.
Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот.
Фото: ФК Работнички