Само десет денови откако му беше прифатена оставката на тренерското место на Гоце Седлоски, 48-годишниот стратег се врати на клупата на Шкупи, потврди денеска актуелниот македонски фудбалски шампион.
Седлоски подбесе оставка по неуспешните настапи на европската сцена и бледиот старт на Шкупи во Првата македонска фудбалска лига, но серијата слаби резултати на клубот од Чаир продолжи и по неговото заминување со два врзани порази.
Клупското раководство одлучи да го врати Седлоски на тренерската должност, а за негопв заменик го назначи поранешниот фудбалер на Шкупи, Арбен Нухиу.
–Драги фанови, сакаме да ве информираме дека прв тренер на Шкупи ќе биде Седлоски, додека за прв асистент е поставена клупската легенда Арбен Нухиу. Заедно со нив, на позицијата претседател се враќа Суат Алија“, се наведува во клупското соопштение.
По шест одиграни натпревари Шкупи е шестопласиран со седум бодови, а следен противник на актуелниот шампион е Работнички, в недела.