Седма победа во низа на Верстапен, рекорд на Ред Бул

Холандскиот пилот во класата Формула 1, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Унгарија возена во неделата на патеката Хунгароринг крај Будимпешта, со што ја оствари седмата последователна победа.

Доминацијата на Верстапен и неговиот тим Ред Бул продолжи, бидејќи со неговиот клупски колега Серхио Перез ги добија последните дванаесет трки со што е поставен нов екипен рекорд. Досега Ред Бул беше израмнет со Мекларен со по единаесет победи во низа.

Верстапен, воедно, дојде до 44-та победа во кариераа, а дополнително ја зголеми и онака големата предноста во генералниот пласман.

На почетокот на трката во Хунгароринг најдобрата стартна позиција ја имаше Луис Хамилтон во Мерцедас, но Британецот кусо го држеше водството. Верстапен го презема на првиот свиок и во текот на трката само градеше сѐ посигурна и поголема предност. Многу набрзо Верстапен можеше да се опушти и елегантно да ја прослави новата победа.

Хамилтон, освен што го загуби првото место, дополнително падна и во редоследот. Набрзо беше минат од Оскар Пјастри и Ландо Норис. Во текот на трката, пак, напредуваше вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез кој на крајот на целта стаса како трет, зад Норис.

Во завршницата на трката Хамилтон успеа да напредува од тогашното петто место и престигнувајќи го Пјастри го освои четвртото место.

Во генералниот пласман Верстапен има дури 110 бодови повеќе од најблискиот возал, неговиот клупски колега Перез.

Следната трка се вози во Белгија.

Гран при на Унгарија:
1. Макс Верстапен (Хол/ Ред Бул) 1:38.08.634
2.Ландо Норис (ВБ / Мекларен) +33.731
3.Серхио Перез (Мек / Ред Бул) +37.603
4.Луис Хамилтон (ВБ/ Мерцедес) +39,134
5. Оскар Пјастри (Аус / Мекларен) +62.572

Генерален пласман:
1. Макс Верстапен (Хол / Ред Бул) 281 поен
2. Серхио Перез (Мек / Ред Бул) 171
3. Фернандо Алонсо (Шпа / Астон Мартин) 139
4. Луис Хамилтон (ВБ (Мерцедес) 133
5. Героџ Расел (ВБ / Мерцедес) 90