Седмицата на објавувањето на лауератите на Нобеловите награди започнува во понеделникот во шведската престолнина Стокхолм со објавувањето на името на добитникот во областа на физиологијата и медицината, а наредните денови ќе бидат објавени и добитниците на наградите во другите области.
На 6-ти октомври, исто така, во Стокхолм ќе биде објавена одлуката на Нобеловиот комитет во областа на физиката, на 7-ми октомври за хемија, на 8-ми октомври за литература, а на 9-ти октомври во норвешката престолнаина Осло ќе биде објавен лауреатот на признанието за мир. Добитникот на наградата за еконоmија во спомен на Алфред Нобел, воспоставена од Државната банка на Шведска во 1968 година ќе биде соопштен на 12-ти октомври.
Во својот тестамен, Алфред Нобел (183301896) го доверил изборот на лауреатот во областа на физиологијата и медицината на Каролсинскиот институт во Стокхол, основан во 1810 година кој сега е еден од водечките образовни и научни медицински центри во светот. Нобеловиот комитет при овој институт го сочинуваат пет постојани членови, коишто имаат право да поканат експерти за консултации. Рокот на номинациите истече на на 31-ви јануари годинава, по што започна процесот на резгледување на предлозите.
Лауреати на Нобеловата награда за физиологија и медицина во минатата 2019 година беа Американците Вилијам Келин и Грег Семенца, како и Британецот Питер Ретклиф за откривањето на механизмот на клеточната чувствителност на кислород и нивно прилагодување кон недостигот од него. Научниците создадоа рамка која ќе помогне да се разбере како нивото на кислород влијае врз клеточниот метаболизам и физиолошките функции. Ова откритие им помогнало на лауреатите да го сфатат процесите кои се случуваат во време на физичко оптоварување, како и за време на анемија и мозочен удар, кога клетките немаат доволно кислород.
Кои се претендентите?
Традиционално, Нобеловите комитети не известуваат ништо за номинираните за наградата, ниту, пак, за оние кои ги номинираат. Таквите податоци се откриваат во јавноста по 50 години. Сепак, експертите од своја страна секогаш прават претпоставки за имињата кои се чуваат во тајност, како и за нивните достигнувања.
Почнувајќи од 2002 година компанијата „Clarivate Analytics“ се обидува да направи прогноза за тоа кој ќе ја добие наградата, врз основата на рејтингот на цитираноста на научните трудови. Годинава неколку студии се вклучени во нејзината листа во категоријата „медицина“.
Станува збор за американските биохемичари Памела Бјоркман и Џек Стромингер. Двајцата ја испитувале структурата и функцијата на протеините во главниот комплекс на хистокомпатибилноста кај човекот (major histocompatibility, MHC – семејство гени кои играат важна улога во имунолошкиот систем и развојот на имунитетот). Ваквите откритија на научниците во молекуларната имунологија придонеле за развој на лекарства и вакцини.
На листата фаворити е и американскиот генетичар од либанско потекло Худа Зогби. Тој открил мутација на хромозомот X кој доведува до развој на Ретовиот синдром, кој се карактеризиран со комбинација на ментална ретардација и губење на моторните вештини.
Уште еден можен лауреат е Јапонецот Јусуке Накамура. Овој еминентен генетичар и истражувач на карциномот е најпознат по развојот на општогеномниот асоцијативен метод (GWAS), кој овозможува да се анализира големо количество генетски податоци и да се најдат соодветните варијанти на генот за особините, вклучително и склоноста кон развој на тумори.
Шведските експерти, како и досега, сметаат дека најголеми шанси годинава да ја добијат наградата имаат Емануел Шарпантие од Институтот за биофизика „Макс Планк“ и Џенифер Дудна од Универзитетот Калифорнија, за развојот на методот за редактирање на геномот познат како CRISPR-cas9. Тоа веќе стана најраспранетиот во биологијата, биотехнологијата и медицината. Благодарение на него може да се промени генетскиот код и, соодветно, својствата, карактеристиките и спосбностите на живите организми. Можеби, во иднина, генетичарите со помош на редактирањето (преуредување) на геномот да се борат со разни тешкоизлечиви или наследни болести.
Меѓу фаворитите за лауреати се и Жак Милер од Австралија и Макс Купер од САД. Тие објаснија како се формират две класи на лимфоцитите: Т и Б клетките на имунолошкиот систем. Истражувањата на научниците ќе помогнат во лекувањето на болести како што се имунодефиенцијата и алергиите.
Врачување на наградата
Од 1901 година Нобеловата награда за медицина била доделена 110 пати. Досега 219 личности биле лауреати на ова најголемо научно признание во светот на медицинските науки. Најмладиот добитник на наградата бил во 1923 година Фредерик Бантинг кој тогаш имал 32 години а за откривање на инсулинот, а највозрасен била Пејтен Роуз која имала 87 години кога во 1966 година е прогласена за добитничка за откривањето на онкогените вируси.
Врачувањето на оваа награда ќе се одржи на 10-ти декемврим на денот на смртта на Алфред Нобел во Стокхолмската филхармонија, каде што лауреатите на сцената украсена со цвеќиња лично од шведскиот крал Карл XVI Густав ќе го промат златниот медал со портретот на воспоставувачот на наградата и диплома. Но оваа година поради пандемијата на коронавирусот, оваа церемонија ќе се одржи во нов формат – онлајн.
Секоја награда може да биде доделена најмногу на тројца номинирани. Таа се состои од златен медал, диплома и парична сума.
Лауреатите медалите и дипломите ќе ги добијат дома преку амбасадите на Шведска во разни земји или од поранешните лауреати. Церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда ќе се емитува од градското собрание на Стокхолм, со присуство на мал број личности.
Големината на паричниот дел од Нобеловата награда секоја година се менува, а годинава ќе се зголеми за милион и ќе изнесува 10 милиони шведски круни, или 1,11 милиони американски долари по сегашниот курс. Според извршниот директор на Нобеловата фондација, Ларс Хајкенстен, „зголемувањето на паричниот износ е важно за зајакнување на позицијата на Нобеловата награда во однос на другите конкурентски признанија“, Тој појасни дека зголемувањето е овозможено поради сегашниот сооднос на трошоците и капиталот на фондацијата.