
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт.
Членовите на Комисијата ќе дискутираат по Предлог на законот за борба со допингот во спортот и негово спречување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија за науките и уметностите, двата по скратена постапка, како и за Предлог на законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во прво читање.