
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност на чиј дневен ред се две одлуки за испраќање на припадници на Армијата во меѓународни мисии.
Првата одлука е за испраќање на припадник на Армијата во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина за периодот од јули 2023 година до јануари 2024 година, а втората за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција на Европската унија „ЕУТМ РЦА“ во Централноафриканската Република.