Советот на јавните обвинители денеска треба да донесе одлука за објавување оглас за избор на јавни обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од Советот.
Ова прашања ќе се дискутира по претходата одлука за зголемување на бројот на обвинители во ГОКК за плус пет.
Освен за оваа точка, на денешната седница на Советот на Јавни Обвинители на дневен ред е донесување и на одлука за старосна пензија за двајца јавни обвинители, односно за обвинителот од ОЈО Битола, Петар Аневски и за јавниот обвинител од ВЈО Скопје, Миомир Маричиќ, кој е татко на новиот министер за правда Бојан Маричиќ.