Седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Газа

Советот за безбедност на Обединети нации на денешната седница ќе дебатира за Газа по израелскиот воздушен напад врз училиште, што се користеше како засолниште, при што, според палестинските власти, загинаа најмалку 100 луѓе.

По нападот од 10 август, Алжир побара итен состанок на Советот за безбедност.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нападот го оцени како „погубен“ и ја осуди „континуираната загуба на животи во Газа“.

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека најмалку 100 луѓе биле убиени во нападот, додека Израел соопшти дека во нападот загинале 31 милитант.