Актуелната состојба поврзана со пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.
„На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.