Седницата на 27 април требаше да продолжи следниот ден, рече Ципушева

За време на рочиштето за судењето за настаните на 27 април, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Нада Ципушева, ги опиша последните часови од седницата на 27 април 2017 година.

Ципушева објасни дека таа била пријавена за реплика по пратеникот Панчо Минов, но претседавачот Трајко Вељаноски дал пауза.

-Седницата заврши околу 18 часот. Претседавачот најави дека ќе продолжи следниот ден во 11 часот – објасни Ципушева.

Таа кажа и дека немало никаков план за организиран превоз на 27 април од нејзниот роден град Радовиш за Скопје.