Барањата за одземање имунитет на шестмината пратеници, кои се осомничени за учеството во насилствата на 27 април, годинава, треба да се расправаат на денешната седница на собраниската Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, објавува „Слободна Европа“.
Од Собранието соопштија дека согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Македонија, претседателот на Собранието Талат Џафери, ги достави до Комисијата барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција од 28 ноември 2017 година.
Пред одлуката за доставување на барањата до Комисијата, преседателот на Собранието Џафери оствари средби со премиерот Зоран Заев и Лидерот на ДУИ Али Ахмети.