Седницата на Советот за безбедност кај Пендаровски започна без Спасовски и Филипче, дали се во самоизолација

Започна седницата на Советот за безбедност што ја свика претседателот Стево Пендаровски, на која се очекува да се расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски нформираа дека на седницата не дошле премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Спасовски е дел од постојаните членови на Советот, а на покана на претседателот Пендаровски на седницата требаше да присуствуваат и Османи, кој е и национален координатор за странска помош и министерот Филипче.

Порано денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави на Фејсбук дека е позитивен на коронавирус. Вчера Спасовски, Османми и Филипче присуствуваа на состанок на Општинскиот кризен штаб во Куманово и ја посетија кумановската болница.

Инаку, вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице. Владата, на 41-та седница одржана на 14 април донесе одлука до претседателот Пендаровски да достави предлог за продолжување на вонредната состојба, заедно со извештајот за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба.

Претседателот Пендаровски, пред неколку дена најави дека шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни институции и ваков тип на состојба.

Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа 45 лица.

Првиот случај на зазарен со корона вирус во нашата земја беше регистриран на 26 февруари годинава, а полициски час за првпат на целата територија на државата беше воведен на 22 март