
Овој петок ќе биде закажана седницата за избор на новата влада, објави Курир.
Како што дознаваме Талат Џафери кој по се изгледа ќе остане на функцијата претседател на македонското собрание, седницата за формирање на нова влада ќе ја закаже во петок.
Вчера лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети постигнаа конечен договор за формирање на парламентарно мнозинство.
Од она што вчера го соопштија лидерите на овие две политички партии, Зоран Заев ќе биде претседател на владата, а останува да видиме кој ќе раководи со министерствата во истата.