Седницата за Законот за јазиците презакажана за 15 часот

Собраниската седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците и повеќе од 35.000 амандмани поденсени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по попвеќе одложувања во вторникот е презакажана за 15 часот.

Во Собранието се народните избраници од сите пратенички групи кои одржуваа координации, вклучувајќи ги и оние од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Нема информации каков ќе биде исходот од седницата, дали воопшто ќе се расправа за амандманите или точката ќе биде прескокната.

Продолжението на 32-та седница беше закажано за 12 часот. На оваа седница има и други точки на дневен ред меѓу кои и измените на законите со кои ќе се намалат патните трошоци за пратениците и избраните и именуваните лица.