
Kомисиите за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.
Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисија за одбрана и безбедност.
Членовите на Законодавно-правна комисија на денешната седница ќе расправаат по предлог-законите за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, за изменување на Законот за високото образование, во прво читање, како и за Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.