Седум цивили убиени во експлозија во Кабул

Автомобил бомба експлодирал во авганистанската престолнина Кабул во средата утрото, усмртувајќи притоа седум цивили а уште седум други се ранети, според досегашните извештаи на полицијата.

Насрат Рахими, портпарол на авганистанкото министерство за внатрешни раоти, изјавил дека експлозијата одекнала во населбата Касаба во 7,25 часот по локално време. Цел на нападот биле возила на министерство, но Рахими не прецизирал на кое министерство припаѓал конвојот.

Досега ниедна екстремна гупација не ја презема одговорноста за нападот. Во изминатиот период талобанското движење преземаше почести и поголеми напади во Кабул, која во минатото беше релативно поштедена од нивните напади. Исто така, и џихадистичката групација Исламска држава последниот период презема одговорност за напади во авганистанката престолнина.

Најмалку 21 напад е регистриран годинава во Кабул, во кои се убиени 250 луѓе, а 1.103 лица се ранети. Според тромесечниот извештај на Мисијата на Обединетите нации за помош на народот на Авганистан (UNAMA), објавен кон средината на октомври, повеќе од 2.500 цивили се убиени, а повеќе од 5.600 се ранети во периодот од 1-ви јануари и 30-ти септември годинава.