УМС на ВМРО – ДПМНЕ: Седум години по ред учениците добиваат бесплатни учебници

Седма година по ред, Владата на Република Македонија имплементира концепт на бесплатно образование, односно бесплатни учебници за сите ученици во основното и во средното образовани, за што досега се вложени 30 милиони евра.

По тој повод, на денешната прес конфереција  на Унијата на млади сили  на ВМРО ДПМНЕ на плоштадот Македонија, потпретседателот Орце Ѓорѓиевски ја искористи можноста да го поддржи  проектот за бесплатните учебници за учениците во средните и основните училишта.

Образованието секогаш било приоритет на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Веќе седма година по ред, Владата го реализира овој проект  за кој се вложени над 40 милиони евра или 6 милиони евра годишно. Со овој проект значително се олесенти трошоците на родителите, а дополнително на сите ученици им е овозможен проектот компјутер за секое дете и бесплатен превоз за ученици кои живеат подалеку од 2.5 километри од своето училиште, рече Ѓорѓиевски.

СДСМ го стимулираше претприемачкиот дух

Потпретседателот на УМС, Ѓорѓиевски воедно и се заблагодари на опозициската СДСМ бидејќи, како што рече, во нивно време тие наоѓале перфектен начин да го промовираат претприемништво на учениците и добро да го искалат преку препродавање на комплетите книги.

Би сакале да им се заблагодариме на СДСМ кои додека беа на власт, со своите политики за образование не овозможија ништо бесплатно, со што го стимулираа претприемачкиот дух кај учениците и родителите, со тоа што ги  препродаваа комплетите книги. Но тој начин на стимулирање на претприемништвото веќе одамна не се практикува откако се воведени бесплатните учебници, а за стимул на младите претприемачи, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, воведе безброј мерки кои што интензивно се користат од страна на младите, кажа Ѓорѓиевски.