Седум лица се пренесени во болница по пукање што се случило вчеравечер по локално време во Јума, Аризона.
Според Еј-Би-Си Њуз, полицијата добила дојава за пукање околу 23 часот. Тие дошле на местото на настанот и таму затекнале неколку ранети.
Полицијата сè уште го нема уапсено осомничениот за нападот, но нема понатамошна закана за локалното население, изјави на новинарите началникот на локалната полиција.