Многу од нас имаат некои навики кои ги практикуваат по оброкот, но експертите предупредуваат дека пушењето, јадењето овошје, пиењето чај, туширање и спиење со полн стомак не се здрави навики.
Светските експерти составија листа од седум лоши навики по јадење.
1. Пушење: Оваа навика е поштетна отколку што се мисли, бидејќи само една цигара по јадење предизвикува штета како да се сте запалиле 10 цигари. Системот за варење делува на целиот организам, а на кислородот во крвта се врзува и никотинот.
2. Јадење овошје: Овошјето многу брзо се вари, а ако се јаде веднаш после оброкот тоа толку долго се задржува во желудникот што почнува да скапува и ослободува отровни гасови кои што, меѓу другото, го поттикнуваат создавањето на целулит. Овошјето требало да се јаде на празен желудник или два часа пред и по главниот оброк.
3. Пиењe чај: Теин, главната состојка на чајот се врзува за железото и го отежнува варењето што може да биде лошо за анемични лица. Тие би требало да пијат чај најмалку еден час по јадењето.
4. Пливање и туширање по јадење: Водата го поттикнува и засилува крвотокот во телото, но по оброкот крвта доаѓа во желудникот каде се одвива варењето, а не на места како рацете или нозете.
5. Попуштање на ременот: Доколку ременот го продолжувате за некое дупче по обилниот оброк тоа може да доведе до преплет на цревата и застој во варењето.
6. Физичка активност: Иако сите мислат дека физичката активност по оброкот е добра, вистината сепак е поинаква. Тренингот му пречи на системот за варење кој што ги апсорбира хранливите материи од внесената храна. Се препорачува само лежерна прошетка.
7. Спиење: Лежечката положба никако не е природна, а со самото тоа не е добра ниту за варењето, па желудочните сокови не можат да ја завршат својата работа. Оваа навика може да предизвика желудочни тегоби.