Не е ретка ситуацијата кога мажот нешто ќе направи а жената тоа погрешно ќе го протолкува и со својата реакција целосно ќе збесне.
Во тие ситуации често доаѓа до кавги, па за тоа да не ви се случува и на вам со што и наштетувате на сопствената врска, преиспитајте ги постапките на мажот кој тоа го прави од свои причини, а вие главно го сфаќате на свој, сосена погрешен и неоснован начин.
1. Љубезност и флерт
Ако ви се слуши машка личност да биде љубезна кон вас, вие веднаш помислувате дека му се допаѓате. Тоа се случува поради тоа што малку луѓе денеска се љубезни. Па, според тоа, следниот пат кога некој маж ќе биде љубезен кон вас, сфатете го тоа само како љубезност, а не флерт.
2. Зборови и однесување
Голем дел од мажите ретко ги изразуваат своите члувства, па така да жената понекогаш мисли дека не му се допаѓа. Ако тој не зборува за своите чувства, тоа не значи дека ги нема. Согледајте како тој се однесува кон вас и на основа на тоа можете да заклучите како и што чувствува.
3. Очите се за гледање
Не ги напаѓајте машките личности и следите ако погледнат некоја убава девојка. И вие понекогаш се вртите по некој кој е згоден и убав. Тоа не смеете да го сметате за лошо ако го прави само понекогаш и нема злонамерни мисли. Немате причина за грижа се додека се останува на поглед.
4. Љубов и секс
Сексот не значи дека мажот ве сака. Веројатно физички го привлекувате, но ако сакате да дознаете дали тој вас ве сака, тогаш треба да разговарате со него и да откриете кои се неговите вистински намери.
5. Пријателство
Машко-женските пријателства постојат само во ретки случаи, но ако сте нашле машка личност кој го сметате за пријател и за кој мислите дека ви е само пријател, добро размислете. Можеби тајно е заљубен во вас и ви ги слуша вашите проблеми само за подогло биде во вашето друштво, а вие тоа го гледате како пријател и му се доверувате.
6. Подароци и прерани заклучоци
Кога маж ќе ви купи подарок или ќе ви подари цвет вие веднаш помислувате дека направил нешто што не треба и сега сака да се искупи. Немојте прерано да донесувате заклучоци, можеби само сака да бидете среќни и да ве изненади!
7. Одбивање
Кога машка личност ќе ве одбие, вие веднаш помислувате дека не му се допаѓате. Меѓутоа, вистина може да се сосема друга, тој можеби не сака да биде со вас во сериозно врска па не сака да ве повреди или веќе има сериозна врска која не сака да ја расипе. Немојте веднаш да помислите дека е до вас, можеби навистина е само до него.