Организаторите на протестите во суданската престолнина Картум најавија дводневен генерален штрајк и граѓанска непослушност, откако безбедносните сили во понеделникот употребиле огнено оружје и солзавец за да ги растурат протестите против државниот удар, а според медицунски извори притоа се убиени седум лица.
Тоа е еден од насмртоносните денови откако опозициските групи започнаа кампања на анти-воени протести по државниот преврат од 25-ти октомври и постои закана од продлабочување на јазот меѓу воените власти кои под меѓународен притисок се согласија на транзиција и масовното протестно движење.
Безбедносните сили истрелале салви солзавец додека спрчувале илјадници демонстранти да напредуваат во движењето кон претседателската палата во Картум. Исто така, користеле боева муниција и шок гранати, соопштија во вторникот очевидци за Reuters и Централниот одбор на суданските лекари, група која се приклучи на протестното движење која извести за седум смртни случаи. Според нив, од почетокот на протестите безбедносните сили убиле најмалку 70 луѓе.
Голема маса народ редовно излегува на улиците барајќи цивилна власт, откако со пучот беше ставен кран на воено-цивилниот договор за поделба на власта кој беше договорен откако исламистичкиот автократ Омар ал-Башир беше соборен во текот на бунтот во 2019 година. Воените челници во ноември на должноста го вратија премиерот Андалу Хамдок во обидот да се заштитат економските реформи, но тој претходно во јануари поднесе оставка.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, на Twitter објави дека САД се „загрижени поради извештаите за ескалација на насилстава“. Наведува дека помошничката државен секретар Моли Фи и новиот специјален пратеник Дејвид Сатерфилд„заминуваат за Картум и дека ќе ги повторат повикот до безбедносните сили да ги прекинат насилството и да ја почитуваат слободата на изразувањето и мирното собирање“.
Цивилните групации повикаа на дводневен генерален штрајк и граѓанска непослушност од вторникот во знак на протест против најновите насилства. Комитетите за отпор коишто ги организираат протестите во Картум и во соседните градови Омдурман и Бахра, ги повикаа граѓаните да ги блокираат улиците.
Обединетите нации минатата седмциа започнаа колнсултации во обидот да ги прекинат застојот во изнаоѓањето решение меѓу воените власти и цивилните групаци, како и за да се спречи опасноста од натамошна дестабилизација на Судан.