Седум мртви во пад на воен хеликоптер во Мексико

Воен хеликоптер се урнал во петокот по локално време во Мексико, при што загинале седум војници, објави во соопштение министерството за одбрана.

Хеликоптерот од моделот „Bell 412“ се урнал четири километри североисточно од градот Ел Салто во планинската сојузна држава Дуранго во текот на тренажен лет.

Единствениот преживеан е префрлен во тешка состојба во болница, додека властите трагаат по телата на седумте загинати. Воените власти, исто така, ја проучуваат причината за несреќата на леталото во кое имало двајца пилоти, офицер и пет војници, додаде министерството.