Седум навики на продуктивните луѓе

Kако да бидете попродуктивни? Тоа е она што сите би сакале да го дознаеме, нели? Посебно не ни е јасно како некој од нашите колеги на работа успеваат да стигнат се со таква леснотија и брзина, додека од нас како некој да ја исцедил целата енергија?

На секое работно место има луѓе кои стигаат да завршат се’ и полни се со елан и добро расположение: Секогаш на време ги завршуваат своите задачи, никогаш не забораваат на обврските, ги отпочнуваат и ги завршуваат проектите и покрај се, успеваат да стасаат и во теретана секој ден.

Иако сакаме да ги мразиме од дистанца, баш затоа што се успешни во се, потајно посакуваме да бидеме како нив – сакаме да ги откриеме нивните тајни на нивната продуктивност. Како им успева?

Тие работат на приоритетите над приоритетите!

За продуктивните луѓе суштината не е во задачата, туку во неговата важност. Тие добро знаат да ги распоредат своите приоритети така што задачите што се најважни и имаат најкраток рок, секогаш се на врвот на листата. Се друго може да причека. За луѓето што константно ги одложуваат своите обврски, обично се случува обратна ситуација – така што кога имаат некоја многу важна задача наеднаш пронаоѓаат три други, што во тој миг не се важни, а кои тие би ги направиле, само за да го одложат вистинскиот приоритет!

Тие немаат само цели, туку и рокови!

Целта без рок е како рецепт без состојки. Добро е да се направат приоритети, но ако немате врамено време, кога треба да ги завршите нема да бидете премногу продуктивни околу нив.

Поставуваат граници

Продуктивните луѓе не инсистираат на перфекционизам и знаат дека понекогаш нештата нема да бидат такви како што тие ги замислиле – и тоа е сосема во ред! Тие поставуваат временски и објективни граници во рамки на кои работат и до кои се држат. Ако во меѓувреме наидат на „проблеми“ и препреки на патот, тоа нема да ги спречи во нивната продуктивност.

Тие ја конторлираат технологијата, а не таа нив!

Продуктивните луѓе знаат дека е контрапродуктивно да се биде роб на технологијата. За нив социјалните мрежи се „крадци“ на времето и имаат голема сила и волја да отстапат од се што ги одвлекува од нивната крајна цел.

Стратешки планираат кога ќе земат пауза

Поголем број продуктивни луѓе мудро земаат кратки паузи од 3 до 5 минути на секои час и половина. На тој начин не се дефокусираат и стигнуваат да го одморат мозокот, па со „полна пареа“ да им се вратат на работните задачи.

Мултитаскингот за нив не е опција

Продуктивните луѓе се фокусираат исклучиво на едно нешто и не преминуваат на дргите додека не ја завршат претходната. На тој начин се осеќаат моќно и успешно, затоа што се чувствуваат задоволни од исполнетите задачи.

Спиењето им е најважен приоритет!

Недостатокот на сон е гаранција за лоша продуктивност! Ако спиете помалку од 7 часа дневно, ќе функционирате побавно, телото ќе ви биде поуморно, а фокусот послаб. Токму затоа, продуктивните луѓе често го организираат своето време врз основа на спиењето, тие знаат точно кога е време да си легнат, а кога треба да се разбудат!