Македонскиот кошаракрски шампион МЗТ Скопје го забележа седмиот триумф во исто толку натпревари во Суперлигат,а откако во СЦ „Борис Трајковски“ славеше над Куманово со 97:85.
Уште од самиот старт ираниците на трнерот Зоран Мартич тргнаа фуриозно и по само десет минути игра обезбедија предност од дваесет поени разлика (36:16) која на крајот и покрај останатите три загубени периоди се претпостави како клучна за победата.
Центарот Тодор Гечевски, одигра маесетрална партија и постигна 25 поени, додека во поразениот тим најмногу се истакнаа Врањеш со 23 и Луковиќ со 19 поени.
Со овој триумф на три кола пред крајот МЗТ Скопје се зацементира на врвот, додека кумановци се третопласирани со три победи и четири порази.