![коронавирус](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/koronavirus.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Седум починати и 269 заболени од ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 3.449 тестирања, а регистрираните нови случаи се во: Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица по 14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка по 4, Гевгелија и Неготино по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2, Свети Николе, Берово и Крушево по 1.
Регистрирани сe 353 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица во болнички услови: 2 лица од Скопје (73 и 84) и по едно починато лице од Велес (71), Свети Николе (71), Кавадарци (69), Берово (68) и Радовиш (73).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во периодот од 29.11-19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1) на возраст од 57 до 93 години. Од пријавените, две лица се починати во болнички услови, а 6 во домашни услови.
Досега во земјава се дијагностицирани 222.333 лица со ковид, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.