Седум лица починале во Велика Британија поради згрутчување на крвта откако против коронавирусот биле вакцинирани со препаратот на англо-шведската фармацевстска компанија „AstraZeneca“, соопшти во саботата британскиот здравствен регулатор Управата за лекови и медицински производи (MHRA).
Претходно во петокот националниот регулатор соопшти дека кај 30 лица во Велика Британија се развиле згрутчување на крвта откако биле вакцинирани со „AstraZeneca“. Тромбоза на церебралните венски синуси е забележана во 22 случаи, а во другите осум случаи се потврде и други видови на тромбози. Притоа од MHRA забележаа дека, сепак, придобивките од вакцинацијата ги надминува сите несакани ефекти.
„Од 30-те случаи наведени во нашето претходно соопштение … седум луѓе, за жал, починаа“, изјавиле од регулаторот за списанието Financial Times.
Од MHRA забележуваат дека нема регистрирано вакви случаи кај оние кои ја примиле вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ со којашто исто така масовно се имунизираат граѓаните во Велика Британија.
Од почетокот на март се појавуваат информации за опасни компликации кај пациенти кои се вакцинирани со препаратот на „AstraZeneca“ во земји членки на Европската унија. Прва за вакците појави алармираше Австрија, каде средовечна медицинска сестра кај која била дијагностицирана мултипла тромбоза по вакцинирањето починала 10 дена по имунизацијата, а нејзина колешкa е хоспитализирана со белодброна емболија. По Австрија, вакви случаи беа приајвувани и во Италија, Норвешка и други европски земји.
Досега немаше информации за вакви случаи во Велика Британија, каде што се користи вакцината на „AstraZeneca“ која не се произведува во истите погони како онаа која се користи во Европа. Претходно MHRA, по спроведено истражување, објави дека вакцината на овој производитл е безбедна и препорачана за употреба.
Во Германија досега е забележан 31 случај на појава на згрутчување по вакцинирање со вакцината на „AstraZeneca“. Германија пред неколку седмици целосно на неколку дена ја запре вакцинацијата со „AstraZeneca“ што беше продолжено откако Европската агенција за лекови (ЕМА) оваа вакцина ја прогласи безбедна за употреба, но во главниот град Берлин го ограничи нејзиното аплицирање кај жени помлади од 55 и од 60 години.
Многу еверопски земја, исто така, на почетокот од март го запреа вакцинирањето со „AstraZeneca“, додека траат истражувањата на случаи кај кои дошло до ваквите компликации и смртни случаи, првенствено во Австрија и Норвешка.
Повеќето од овие земји веќе започнаа повторно да го имунизираат населението со оваа вакцин. Меѓутоа, и покрај препораките од ЕМА, Норвешка и Данска го пролонгираа застојот во користење на „AstraZeneca“ до 15-ти април, а Франција на 19-ти март објави дека вакцината ќе им ја дава сао на луѓе од 55 и повеќе години. Таа одлука ја поткрепи со докази дека тромбозите се јавуваат главно кај млади луѓе.
Канадските здравствени власти во понеделникот објавија дека повеќе нема да ја нудат вакцината на „AstraZeneca“ на помладите од 55 години и бараат мови анализи се делувањето и ризиците од вакцината засновани на возраста и полот.