Седум полицајци убиени во затворски бунт во Мексико

Седум полицајци се убиени во операцијата за задушувањето бунт во еден затвор во мексиканската сојузна држава Веркруз, во источниот дел од земјата, соопштија локалните власти.

Бунтот избувнал во затворот „Ла Тома“ во местото Аматлан, се наведува во соопштението на гувернерот на Веракруз.

Во текот на пробивот во затворот, полицајците биле нападнати од затвореници вооружени со дрводелски алатки, додава локалната управа. Засега нема информации за можни жртви меѓу затворениците.

Бунтовните, убиствата и спектакуларните бегства се чести во мексиканските затвори, каде што бандите поврзани со нарко-картелите наметнуваат свои закони, а често доаѓа и до смртоносни пресметки меѓу ривалските групи.