Седум повредени од кои двајца тешко во судар на два „опела“ на патот кон браната Козјак

архивска илустрација

Седум лица се повредени, од кои две се хоспиализирани со тешки повреди, во судирот кој во саботата вечерта се случил на локалниот пат кон бранта Козјак, извести Министеството за внатрешни работи.

Вечера околу 19,30 часот било пријавено дека на локалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода автомобил „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.В. на 27 години од Скопје и друг автомобил од истата марка, исто така, со скопски регистарски ознаки управувано од 40-годишната скопјанја Л.Ќ. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и малолетен сопатник од другото возило констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобила Л.Ќ. и сопатниците од двете возила И.С. на 68) М.С. на 64, Д.Г. на 27 години и малолетник, сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје