Седум повредени во сообраќајната несреќа близу скопскиот Клинички центар

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која ноќта во саботата се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар. Од Мунистеството за внатрешни работи во неделата излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.

„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М. на 45 години од Скопје, автомобил ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р. на 40 години од Скопје, и две паркирани патнички возила ‘голф’ и ‘мерцедес’, двете со скопски регистарски ознаки“, соопштија од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и ви Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.