Седум скопјани „паднаа“ поради марихуана

Во изминатото деноноќие во поединечни полициски активности евидентирани се седум случаи на нелегално поседување марихуана, осомничените се приведени и по документирањето на случаите против нив ќе бидат поднесено соодветенни поднесоци, информираше во неделата Министерството за внатрепшни работи.

Во саботата околу во 21,45 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 19-годишниот Љ.Н. од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Малку подоцна, во близина на истата локација во 22,50 часот на булеварот „АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б. на 36 година од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Претходно во саботата, околу 14 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 20-годишниот Д.М. од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вечерта, пак, околу 22 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници го привеле 26-годишниот К.Б. од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Веднаш по полноќ кон неделата на подрачјето на скопската општина Гази Баба, полицајците од Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Ј.З. на 24 години, исто така, од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Половина час подоцна, во 0.30 час на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, полициски службеници го привеле 39-годишниот скопјанец Б.Ш., кај кого, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Утрото во саботата во 10,50 часот на булеварот „3-та Македонска Бригада“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 33-годишниот Т.А. од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.