Рускиот претседател, Владимир Путин, од говорницата на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, укажал на седум најважни точки кои се однесуваат на светската геополитика, а во првата зборува за одговрноста на Западот, на чело со САД, за очајничката состојба на Блискиот исток.
Поради бесмислените воени интервенции, под изговор дека се работи за „демократска револуција“, Блискиот исток е претворен во голема темпирана бомба, оценил Путин.
Наметнување на едно уредување никогаш не успеало, а Русија на потежок начин научи дека не може да изведува социјалистички револуции, а и Западот би требало да научи дека не може да изведува демократски револуции.
Како втора важна точка ја означил улогата на ОН, кои не се само едно друштво на западни сили, туку организација која би требало да гарантира мир и безбедност за сите, а не само за избрани држави поради одредена корист.
„Од тој агол, само ОН имаат право да формират коалиција за борба против Исламската држава. Доколку тоа не се случи, Европа ќе ја преплават милионии бегалци, и ниедна земја нема да биде безбедна од тероризам“, кажал Путин.
Трето, за Путин ставањето вето во ОН е „нормална појава“. Тоа пред се’ се мисли на осудата на Русија во ОН поради припојувањето на Крим, но и руското вето за формирање Трубунал кој би го истражувал падот на малезискиот авион MH17.
Притоа, рускиот претседател нагласува дека спротивставените мислење и несогласувањесе сосема нормална појава.
Како четврта важна поента, Путин ја нагласил ситуацијата во Сирија. Тој рекол дека Западот треба да разбере дека владата на Башар ал-Асад, колку и да има недостатоци, сепак легитимна институција која постои во Сирија.
Ни режимот на Гадафи во Либија не беше идеален, но тоа што дојде после него можеслободно да се нарече ужас, кажал Путин.
Прецизно координиани и испланирани акции на уривање режим во една држава остава простор за раѓање зло како Исламската држава, чии сегашни лидери се засилија по симнувањето на Садам Хусеин, кој ги држеше под контрол, смета тој.
„Умерена опозиција“ едноставно не постои, што и покажаа комичните и скапи обиди на САД да ги тренираат и вооружуваат сиријските бунтовници.
Пето, западот мора да го намали апетитот за уривање режими за кои смета дека не ги исполнува неговите идеали, кога се во прашањечовековите права и слободата на медиумите. Путин во оваа група ја ставил и Русија, порачувајќи му на Западот „ да се држи поастрана од внатрешните работи на неговата земја“.
Имено, влијанието пред се’ на САД во Украина предизвика крвави последиции донесе војна и повеќе од 8.000 жртви, укажал рускиот претседател.
Шесто, светот мора да се врати во нормалните рамкии на трговија, хармонизирани под закрилата на Светскат трговска организација и ОН. Овој нов поредок не смее да биде диктат на најсилните држави, туку мора да биде фер и еднаков за сите , вклучувајќи и заеднички пазари на ЕУ И Евроазската унија која ја заговара рускиот претседател.
За воведување санкции поради политички причини и лична финансиска корист не бии имало место во таквиот свет, смета тој и додава дека санкциите против Русија мора да бидат укинати, бидејќи „Западот знае дека не ги постигнува саканте ефекти“.
Седмо, Западот мора да почитува логична и оправдана загриженост на Русија поради НАТО експанзијата. По распадот на поранешниот СССР и Варшавскиот пакт, ширењето на НАТО алијанската може да се сфати како загрозување на Русија и закана за нејзиниот суверенитет, смета Путин.
Говорот на Путин донесе нов, остар и директен став по прашањето на светската политика и грешките на Западна Европа, и тоа најдоброто место, на говорницата кон која беа насочени очите од целиот свет.