Група интелектуалци во Македонија од денеска почнаа со потпишуање меморандум со седум точки. Дел од барањата се промена на Уставот на Република Македонија, промена на името на ПЈРМ, исто така ја нагласуваат потребата од интегрирање на Албанците како приоритетен народ пред било која друга интеграција, вклучително и интеграција во ЕУ.
Одбиваат интересот на Албанците да остане заложник на регионалниот мир и стабилност, определување на албанските интереси и поставување на цели, а исто така, силно ја осудуваат злоупотребата на криминални досиеја за експонентите на албанската политичка, класа вклучени во коруптивни и криминални афери. Исто така бараат закон кој на албанскиот јазик ќе му овозможи еднаков статус со македонскиот јазик во Република Македонија.
Групата албански интелектуалци, велат дека се одлучни постојано и во континуитет да се спротистават на било каков вид на политика на штета на Албанците и дека ќе барат одговорност за таквата политика.