Најмалку седум луѓе загинале во понеделникот кога земјотрес со магнитуда од 6,8 ја погоди кинеската покраина Сечуан, најсилниот по 2017 година, кој го тресел и главниот покраински центар Ченгду, а бил почувствуван и во други покраина,
Патишта и куќи во близина на епицентарот се тешко оштетени, поради појавените свлечишта, додека комуникациите биле прекината најмалку во еден регион, соопшти кинеската државна телевизија. Нема извештаи за штети на браните и хидроцентралите во радиус од 50 километри од епицентарот.
Епицентарот бил во Лудинг, според кинескиот центар за земјотреси, град во планините околу 226 километри југозападно од Ченгду, кој има 21 милион жители.
Земјотресите се чести во југозападната покраина Сечуан, особено во планинските области на западот на регионот. Станува збор за тектонски активно подрачје по должината на источната граница на Кингаи-тебетската висорамнина.
Во Лудинг земјотресот бил толку силен, што некои луѓе не можеле да се одржат на нозете, а на некои објекти се јавиле пукнатини на ѕидовите, објави China News Service.
Вкупно 39.000 луѓе живеат во радиус вод 20 километри од епицентарот, и 1,55 милиони во радиус од 100 километри, според податоците на кинеските државни медиуми.
Земјотресот е најсилниот кој го погодил Сечуан по август 2017 година, кога земјотресот со магнитуда од 7,0 ги погоди округот Аба. Најмоќниот забележан земјотрес во Сечуан беше оној од мај 2008 година, кога потресот со магнитуда од 8,0 со епицентар во Венчуан уби речиси 70.000 луѓе и предизвика голема материјална штета.
Земјотресот од понеделникот бил почувствуван и со стотици километри оддалечените покраини Јунан, Шанкси и Гуижу,