Седумдесет и тригодишен битолчанец предизвикал пожар

Седумдесет и тригодишниот В.Г. село Буково, битолско  предизвикал пожар со што предизвикал и општа опасност.

На 22. април оваа година, околу 10,30 часот во Битола кај месноста викана „Буковски Мост“ битолчанецот предизвикал пожар на земјоделска парцела во негова сопственост, при што се опожарени помошна просторија, сопственост на лице од Битола и мобилен тоалет при што предизвикал материјална штета од околу 30.000 денари.

Против него е покрената кривична пријава.