-Година имаме најголема регионална распределба на средствата од било која година претходно. 70 отсто од поддржаните компании како и исплатени средства се кон компании надвор од скопскиот регион“ , рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прес-конференција.
Тој додаде дека се работи на рамномерниот регионален развој и дека инклузивноста и дадената шанса е единствениот соодветен одговор, како и позитивната дискриминација додека не се поправи направената штета.
-Oдржливиот, рамномерен и инклузивен развој на државата е политичка заложба на оваа Влада. Секој граѓанин, независно од местото на живеење, заслужува можност, креирани услови и шанса за квалитетен живот во своето место на живеење. Ова ќе овозможи и постепена демографска ревитализација на регионите со „олеснување“ на со години централизираниот фокус на главниот град“ рече Битиќи.
Вицепремиерот истакна дека во овие шест години, државната поддршка за компаниите е зголемена за 12,7 пати – од 3,1 милион евра на првата исплата во 2018 година, на 39,6 милиони евра оваа година.