Седумгодишно девојче изврши самоубиствен напад во Нигерија

Седумгодишно девојче се разнесе и уби уште седум други лица во напад извршен на североисток во Нигерија, пренесе МИА.

Тоа е најнов самоубиствен напад во кој се користени деца. Нападот бил извршен синоќа на пазар во градот Потискум кој се смета за трговска престолнина на државата Јобе. Ранети се најмалку 19 луѓе.

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан призна дека неговата влада во почетокот, ги потценила исламистите од Боко Харам, обвинети за овој и за претходни напади.

фото: france24.com