Една од пет личности ќе се соочат со депресија во некој момент од нивниот живот. Депресијата може да се искажува на различни начини, затоа е важно добро да се знае кои се основни показатели на оваа болест. Психолозите тврдат дека жените и мажите ја изразуваат депресијата на различни начини.
Додека мажите најчесто со се соочуваат со несоница, а жените обично повеќе спијат. Мажите го губат апетитетот, додека жените најчесто јадат многу повеќе од вообичаено и им се трупаат килограми, а исто така почесто се соочуваат со силно чувство на вина. Но, во одредени ситуации може да биде и обратно. Се зависи за тоа како нашиот организам и хормоните делуваат на одредени емоции и животни ситуации.
Еден или повеќе од следните симптоми може да бидат знак дека сте во депресија:
- Пореметен сон, без разлика дали е во прашање премногу спиење или будење во текот на ноќта или рано наутро без никаква причина, со неможност да продолжите да спиете;
- Недостаток на концентрација дури и кога не работите нешто напорно, само читате книга или слично;
- Чувство на безнадежност и беспомошност;
- Често чувство на исцрпеност и недостаток на енергија;
- Зголемена нетрпеливост, недостаток на трпение и склоност кон лесно вознемирување и нервоза;
- Промени во исхраната, без разлика дали се работи за зголемен апетит или недостаток на желба за храна;
- Помислата на тоа дека животот не е вреден е уште еден од знаците на сериозна депресија.
Депресијата е потенцијално мошне сериозна болест и затоа е потребно на време да се дијагностицира и да се лекува на соодветен начин. Ако мислите дека сте во депресија или имате повеќе од еден симптом од наведените најдобро е да посетите психолог и да почнете да се соочувате со проблемот.