Седумина загинати во бомбашки напад во Кабул

Најмалку седум лица загинаа, а уште толку се повредени во самоубиствен бомбашки напад во авганистанскиот главен град Кабул.

„Нападот најверојатно бил насочен против луѓето собрани да му оддадат почит на Абдул Али Мазари, политички лидер од шиитското малцинство на Хазарејците, убиен од талибанците во 1995 година-соопшти заменикот-портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Кога го запреле напаѓачот на контролен пункт, тој го активирал експлозивот, при што загинаа еден полицаец и шестмина цивили.

Група поврзана со терористичката група Исламската држава ја презеде одговорноста за серија напади врз шиитски џамии и места каде се собираат Хазарејци.