„Седумка“ на Баерн со Салцбург, „хет-трик“ на Левандовски, пирова победа на Интер во Ливерпул.

Фудбалерите на минхенски Баерн го совладаа австриски РБ Салцбург со 7:1 во реванш натправарот до осминафиналето на Лигата на шампионите пласирајќи се убедливо меѓу осумете најдобри екипи во елитното континентално натпреварување.

Баварците за само 23 минути успеја да дојдат до три гола преднмсот, а сите три ги постигна моментално најдобриот напаѓач во светот Роберт Левандовски. Во 12 и 21 минута Левандовски реализираше пенали кои самиот ги избори, а во 23 минута погоди и од игра откако го блокираше дегажманот на гостинскиот голман Коен. На 4:0 зголеми Серж Гнабри во 31 минута.

Томас Милер во 54 минута погоди за 5:0, утешниот гол за гостите го постигна 18-годишниот Данец Маурис Кгеаргард во 70 минута. Милер во 84 минута го постигна својот втор погодок а 6:1, а конечните 7:1 ги постави двојниот асистент Лерој Сане во 86 минута, на додавање со петица на Левандовски.

Ливерпул во првиот дуел во Милано славеше со 2:0, па Интер имаше исклучително тешка мисија да го совлада англискиот тим со резултат кој ќе го однесе меѓу осумте најдобри. Интер на крајот дојде до победа, но таа беше пирова, недоволна за да се продолжи патот во Лигата на шампионите.

Единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез кој постигна прекрасен погодок во 62 минута и за водство на Интер од 1:0. Лаутаро ги зголеми шансите, но Алексис Санчез ги намали веќе во следната минута откако доби втор жолт картон и го остави Интер да го одигра последниот половина час со играч помалку.

Ливерпул пропушти голема шанса за израмнување, Салах ја погоди стативата од голот на Хандановиќ. До крајот на мечот Интер не успеа да дојде до нов погодок, па утеха може да им биде само начинот на кој беа елиминирани, со победа против Ливерпул на жешкиот Енфилд.