Безживотните тела на 17 мигранти се најдени на брод во водите близу Канарските острови, а тројца се спаени, соопштија во понеделникот вечерта шпанските спасувачки служби.
Бродот бил забележан на околу 490 километри југоисточно од островот Иеро, најмалиот остров во Канарскиот архипелаг. Хеликоптер стасал до бродот за евакуација на тројцата преживеани, соопшти портпаролката на сапсувачката служба,
„Тројцата мажи биле измрзнати, но во добра општа состојба. Сите мигранти се од супсахарска Африја“, изјавила портпаролката за AFP додавајќи дека се префрлени во болницата на острово Иеро.
Претходно во април четири лица беа пронајдени се мртви на бродот кој превезувал 23 мигранти јужно од островот на Иеро.
Поморскиот пат кон атлантските острови од мароканскиот брег е малку подолг од 100 километри, но станува збор за поопасна рута поради силните морски струи, а бродовите кои ги превезуваат мигрантите се во лоша состојба и пренатрупани.
Бројот на доаѓањето на мигрантите на Канарските острови се зголеми откако се засилени патролите на јужните европски брегови, поради што значително е намален бројот на преминувањето преку Средоземното Море. Така, 3.400 лица стасале на Канарите меѓу 1-ви јануари и 31-ви март годинава, а во истиот период минатата 2020 година ги имачо повеќе од двојно помалку.
Организациите за заштита на човековите права предупредуваат дека пандемиската криза со коронавирусот го зголемила бројот на лица кои се заинтересирани од Африка да имигрираат во Европа, поради губењето на работните места и средствата за живот.