11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Седумнаесетмина војници на Армијата повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар”, во која учествувале автобус и комбе.

Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања. Според првичните информации повредните не се во живото загрозувачка состојба.

Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила пред седум часот. Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот. /МИА.