Седумнаесет студенти загинаа во несреќа со пикап на Тајланд

Најмалку 17 студенти од технички колеџ на Тајланд загинале во сообраќајна несреќа со пикап во талјандксата покраина Самутпракан, пишува во неделата весникот Bangkok Post.

Таксист, кој бил очевидец на несреќата, на полицијата ѝ рекол дека видел како пикап-камионет со голема брзина се движел по главниот провицниски пат. Потоа возилото одеднаш скршнал од коловозот кон работ, каде се забил во два крајпатни столба и се превртел. Од силниот удар, 12 студенти од товарниот дел на возилот излетале на коловозот и починале на самото место.

Пет други струденти и возачот кои биле во кабината на возилото се здобиле со различни повреди и биле префрлени во најблиската болница. Подоцна, од болницата објавиле дека петте студенти им подлегнале на повредите, додека возачот на пикапот бил тешко повреден.

Полицијата објави дека ги проверува снимките од видонадзорот за да ја утврди точната причина за несречата. Исто така, ќе се чека и закрепнувањето на возачот за да биде сослушан.