Серена Вилјамс се повлече од Ролан Гарос поради повреда во пресрет на осминафиналниот дуел со Марија Шарапова. Вилијамс го инфoрмирала организаторот, а потоа причините ги соопшти и на прес конференција.
Имам проблеми со мускулите на грбот и не можам да сервирам. Во таква ситуација не можеш да играш тенис. Ќе направам прегледи. Разочарана сум, веројатно сте и вие. Нема ништо од дуелот со Шарапова, изјави разочарано Вилијамс.
Серена Вилијамс одигра убедливо досега на Ролан Гарос, загуби само еден гем на патот до осминафиналето. Турнирот во Париз е првиот гранслем за Серена по враќањето од паузата поради мајчинство.
Русинката Марија Шарапова добива лесен пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, иако како имаше статус на фаворитка пред дуелот со големата ривалка.
Шарапова во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Гарбиње Мугуруза и Лесја Цуренко.
Шарапова сега има голема шанса да го освои првиот Грен слем турнир по долгата пауза заради допинг-скандалот.